Селекторот на Англија, Герет Саутгејт планира промени за последниот натпревар од светските квалификации. Во понеделник Англија гостува во Сан Марино и им треба само нерешен резултат за да го обезбедат првото место во групата и да се пласираат на Светското првенство.
Вчера Англичаните ја победија Албанија со 5:0 по хет-трикот на Хари Кејн и головите на Хари Мегваер и Џордан Хендерсон. „Ќе направиме многу промени, но она што го направивме добро во минатото е да одржиме високо ниво на перформанси, дури и кога има промени“, рече Саутгејт.
„Не ја завршивме нашата работа, ни треба бод. Би било грешка ако моето внимание е насочено кон нешто друго. Мојата работа е да се квалификувам со тимот за Светското првенство, а потоа ќе гледаме се друго“, додаде Саутгејт.

