Првиот човек на мак-фудбалот, Муамед Сејдини, им ја честиташе значајната победа на репрезентативците против Исланд и обезбедениот пласман во баражот за Светското првенство во Катар во 2022 година.
„Најдобрите амбасадори на Македонија!“ – напиша Сејдини на социјалните мрежи.
Според најавите, Управниот одбор на ФФМ во наредните денови треба да одлучи околу висината на премијата за фудбалерите кои остварија историски успех и дојдоа на чекор до интерконтиненталниот фудбалски собир.

