Селекторот на фуудбалерите на Португалија, Фернандо Сантош, вети дека репрезентацијата ќе игра на Светското првенство во Катар иако мора да помине низ баражите. „Морнарите“ доцна синоќа претрпеа шокантен пораз од Србија на домашен терен со 2-1 и завршија како втори во групата.
„ Имавме предност, содававме шанси, но, неуспеавме да дојдеме до целта. Играчите се обидоа, но, не успеаја да го променат текот на натпреварот“ – вели Сантош.
„ Игравме со страв и вознемиреност. Одговорноста е моја. Ќе бидеме во Катар, ветувам. Знаеме што да направиме за да го постигнеме тоа“ – изјави селекторот на Португалците по вчерашниот меч во Лисабон.

