Капитенот на Велс, Герет Бејл, ќе го пропушти денешниот меч против Белгија кој има големо значење за неговата селекција во трката за второто место на табелата и пласман во баражите за Мундијалот.
Бејл кој претходните два месеца не играше поради повреда, принудно беше заменет и во саботата на мечот против Белорусија.
Белгијците го обезбедија првото место во групата и ќе патуваат на Мундијалот додека Велшаните ќе бидат сигурно втори доколку не загубат на мечот во Кардиф. Тие имаа 3 бода предност пред Чешка која ја очекува средба со Естонија.

