Тренерот, Стефано Пиоли и челниците на фудбалскиот состав Милан, дефинитивно ќе ја продолжат соработката до 2024 година, објави денеска –„Калчомеркато“.
Двете страни ги прецизирале сите детали по што останува само формалниот потпис на договорот. Платата на искусниот стратег ќе биде 3,5 милиони евра годишно плус бонуси. Тој го презеде кормилото на „росонерите“ во октомври во 2019 година.
Милан во тековнава сезона игра одлично во Серија „А“ и во моментов го дели првото место со екипата на Наполи.

