Во текот на денешниот ден, Реал Мадрид одржа тренинг како подготовка за натпреварот од шпанското првенство против Гранада (21 ноември).
Стручниот штаб им обезбеди одмор на играчите кои се враќаа од своите репрезентации, останатите играчи тренираа според распоредот. Во исто време, по своја желба им се приклучи и играчот од средниот ред Еден Азар, кој се врати од белгиската репрезентација, ојабија медиумите во Шпанија.
Да потсетиме дека вечерва Белгија со мечот против Велс ќе ги затвори квалификациите за СП 2022 година. Бидејќи Белгијците веќе обезбедија билет за Катар, селекторот Роберто Мартинез им дозволи на Азар и некои други играчи да се вратат во своите клубови пред предвиденото.
По доаѓањето во Реал Мадрид во летото 2019 година, Азар редовно е надвор од терените поради повреди и пропушти голем број натпревари. Белгиецот оваа сезона одигра 10 натпревари за клубот од Мадрид во Примера, на кои не постигна гол, но направи една асистенција.

