Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсенал со понуда до Јувентус за Дејан Кулушевски
    Фудбал

    Арсенал со понуда до Јувентус за Дејан Кулушевски

    risteBy riste17/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Арсенал доставил понуда за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски, тврди „Калчомеркато“. „Топџиите“ сакаа директно да ги разменат играчите со тоа што му понудија да го разменат Николас Пепе за 21-годишниот Швеѓанец, но нивната понуда беше одбиена од Јувентус.

    Лондончани имаат сериозен интерес за Кулушевски и сакаат да го земат во своите редови. Тие се надеваа дека ќе можат да го разменат за Николас Пепе, бидејќи цената на двајцата моментално е приближно иста – околу 30 милиони фунти. Сепак, Јувентус не се согласи на ваква зделка, бидејќи повеќе би сакале да го продадат Кулушевски и да ја наполни касата за да може да се засили на други позиции каде моментално имаат потешкотии. Инаку Кулушевски се уште не може да се наметне како стартер кај Масимилијано Алегри. Од почетокот на сезоната забележа 15 настапи и 1 гол во сите натпреварувања, но на многу од нив настапуваше како резерва.

    Кулушевски, кој во 2020 година беше ангажиран од Аталанта, досега на своето конто за „Старата дама“ има 68 натпревари, 8 гола и 8 асистенции. Арсенал не е единствениот кандидат за потписот на Дејан Кулушевски, тој е е вклучен во трансфер плановите на уште еден лондонски тим – Тотенхем.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.