Лука Модриќ е подготвен да ја намали платата и ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, кој ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2023 година, објави новинарот Николо Скира.
36-годишниот хрватски ветеран сака да ја заврши кариерата како фудбалер на Реал Мадрид и затоа е подготвен да се согласи на помала плата, тврди италијанскиот новинар. Освојувачот на „Златната топка“ за 2018 година е дел од составот на Реал Мадрид од 2012 година, кога Реал го купи од Тотенхем.
Играчот од средниот ред има 402 натпревари и 28 гола во дресот на Реал Мадрид, а има освоено многу трофеи со тимот изминатите години поминати на „Сантијаго Бернабеу“.