Потпретседателот на фудбалскиот состав Јувентус, Павел Недвед, изјави дека клубот се обидувал да се подмлади во последните години. Промените во играчкиот кадар започнаа во времето на Маурицио Сари.
„Се обидовме со вистинска комбинација на искусни играчи како Буфон, Кјелини и Бонучи и млади играчи како Киеза и Де Лихт да бидеме подобри. Се обидовме да го балансираме минатото и иднината на клубот со цел да бидеме конкурентни во Италија и Европа“ – изјави Недвед.
Сепак, очекувањата не се реализираат бидејќи „старата дама“ се наоѓа дури на осмото место на табелата во Серија А. Тимот од Торино има 14 бода помалку од водечките Милан и Наполи.
