Поранешниот тренер на Гуангжу Сити и Феенорд, Џовани ван Бронкхорст е блиску до преземање на Ренџерс.
46-годишниот Холанѓанец претходно како играч настапуваше за клубот од Глазгов. Ван Бронкхорст ќе го замени Стивен Џерард, кој неодамна стана главен тренер на Астон Вила.