Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, по завршувањето на квалификациите за СП 2022 и пласманот на Македонија во бараж натпреварите, даде интервју за хрватски „Спортске новине“ во кое зборуваше за напредокот на нашата репрезентација и пласманот во баражите за СП 2022.
„Македонија претходно никогаш е била во ситуација да се бори за учества на европски или светски првенства. Обично во групите во кои игравме собиравме по 6-7 бодови. Но во последно време се се промени. Имаме профил на игрчи кои скаат да напредуваат, кои сакаат големи работи и остварување на големи цели. Успеавме да се пласираме на Европско првенство, а еве не сега и во борба за Светско првенство. Многу сум среќен поради сето тоа. Имаме квалитет и го заслуживме овој успех“, вели нашиот капитен.
За шансите на Македонија во овие бараж дуели, капитенот додаде:
„Имаме уште две средби… Мислам дека можеме да одиме и во Катар, сите веруваме во тоа. Има еден проблем. Поради картони нема да може да игра Елмас, но ќе ни се врати Аријан Адеми, а тоа низ начи многу. Само да бидеме сите живи и здрави, па потоа се е можно“, вели Ристовски.