Напаѓачот на РБ Лајпциг, Јусуф Поулсен ќе биде надвор од терените до нова година. Данскиот репрезентативец заработи повреда на потколеницата на средбата со репрезентацијата и ќе се опоравува 5 недели, најави тренерот на Лајпциг Џеси Марш.
„Лоши вести за нас. Јуси го скина мускулното влакно на потколеницата. Беше во најдобра форма и неговото отсуство воопшто не е добро за нас”, изјави Марш.
Добра вест за германскиот вицешампион е враќањето на дефанзивците Вили Орбан и Лукас Клостерман, кои најверојатно ќе бидат во стартниот состав за првенствениот натпревар против Хофенхајм в сабота.

