Битката за потписот на 28-годишниот англиски играч за врска на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард би можела да биде жестока.
Следното лето тој ќе стане слободен играч, а за неговите услуги веќе се заинтересирани премиерлигашките клубови како Вест Хем каде играше како позајмен играч, Њукасл, Тотенхем и Евертон. И други гиганти од Европа исто така го следат, а за него се интересираат европски гиганти како Барселона и Милан, пишува „ЕСПН“. Лингард сака да се приклучи на тим кој ќе му овозможи редовни настапи пред Светското првенство во 2022 година и затоа не го потпишува повторно договорот со Манчесер Јунајтед.
Од друга страна „црвените ѓаволи“ понудија договор со влошени финансиски услови за играчот. Според информациите, агентот на фудбалерот веќе одржал голем број состаноци со потенцијалните нови клубови за неговиот клиент.

