Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг зборуваше за неговата улога како капитен на тимот.
„Јас сум најкул капитен во Премиер лигата, а можеби и во светот!
Да бидам искрен, се трудам да бидам пример. Ова е најважниот квалитет за капитенот. Се обидувате да ги инспирирате не само младите момци во тимот, туку и постарите фудбалери. Се трудам да дадам се од себе, да дадам се што можам за клубот, тоа е работа на капитенот. Мора да го прифатите. Тоа е одлична работа, најпријатното нешто во фудбалот“, изјави Обамејанг за официјалниот сајт на Арсенал.
Во актуелната сезона од англиската Премиер лига, Пјер-Емерик Обамејанг одигра 10 натпревари, постигна 4 гола и 1 асистенција.