Македонската фудбалска репрезентација со врзаните победи против Ерменија и Исланд во квалификациите за Мундијалот, успеа да напредува седум позиции на новата ранг листа на ФИФА.
Македонските репрезентативци во моментов се наоѓаат на 67. место на ФИФА-листата, што е подобар пласман за седум позиции. Ние сега имаме 1367,23 поени.
Светската куќа на фудбалот листата ќе ја потврди на на 25 ноември или на ден пред формирањето на бараж турнирите. Македонија ќе биде во групата на неносители.

