Тренерот на Вердер, Маркус Анфанг, се повлече од клупата на германскиот фудбалски состав откако беше утврдено дека користел лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19.
„Поради целиот стрес што го предизвикав во тимот и во мојата фамилија, одлучив да се повлечам од Вердер“ – изјави Анфанг.
Тимот од Бремен кој вечер од 20.30 часот го очекува меч со Шалке во 2. германска лига, се наоѓа на осмата позиција на табелата.