Менаџерите на Ливерпул, Јирген Клоп и на Арсенал, Микел Артета остануваат во добри односи, иако влегоа во многу жестока расправија крај гол-линијата на мечот меѓу двата тима одигран вчера.
При резултат 0:0 на „Енфилд“, крилниот напаѓач на „црвените“ Садио Мане влезе во жесток дуел со дефанзивецот на „топчиите“ Томиасу, што предизвика лута реакција кај Артета, а од своја страна и Клоп скокна од клупата за да го заштити својот играч. На крајот двајцата тренери добија жолти картони, а Мане подоцна го отвори резултатот за убедлива победа на Ливерпул од 4:0.
„Немав план да се случи тоа. Садио скокна на висока топка, немаше фаул и двајцата играчи станаа. Скокаа како да сакаа црвен картон и немаше никакви навреди. Ги прашав што сакаат. Судијата добро се справи со ситуацијата, јас заслужив жолт картон бидејќи тоа што го кажав не беше во ред, тоа се случи во момент“, изјави Клоп по натпреварот.

