Манчестер Јунајтед и официјално му врачи отказ на менаџерот Оле Гунар Солскјер, потврдија од клубот. Притисокот врз Норвежанецот беше голем од почетокот на сезоната по разочарувачките резултати и логично доведе до негово заминување.
„Црвените ѓаволи“ претрпеа големи порази од Ливерпул со 0:5 и Манчестер Сити со 0:2 на „Олд Трафорд“. Последната капка трпение падна по саботниот пораз од Ватфорд со 4-1.
48-годишниот Норвежанец го презеде тимот, привремено, по отказот на Жозе Мурино во декември 2018 година. Поради добрите резултати, сепак, доби постојан договор.
Манчестер Јунајтед објави дека помошниот тренер Мајкл Керик ќе го предводи тимот додека клубот не назначи менаџер до крајот на сезоната.

