Раководството на Манчестер Јунајтед стапило во контакт со менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, објавија уште утрово медиумите на Островот. Стратегот важи за еден од фаворитите за наследник на Оле Гунар Солскјер, кој вчера доби отказ по саботниот пораз од Ватфорд со 4:1.
Според британските медиуми, Јунајтед е подготвен да му плати отштета од 8 милиони фунти на Лестер за да го ангажира поранешниот менаџер на Ливерпул. Дополнително, „црвените ѓаволи“ ќе му платат „пенали“ од 7,5 милиони фунти на отпуштениот Солскјер.
Покрај Роџерс, втор кандидат со кој управата на Манчестер Ј. преговара е Маурисио Покетино од ПСЖ.

