Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Левандовски е фудбалер на годината според „Тутоспорт“
    Фудбал

    Левандовски е фудбалер на годината според „Тутоспорт“

    risteBy riste22/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер за 2021 година од италијанското издание на „Тутоспорт“.

    33-годишникот фудбалер ја освојува наградата втора година по ред. Левандовски на крајот од минатата сезона ја освои „Златната копачка“, со што стана најдобар стрелец во европските национални првенства (41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата). Втор во гласањето беше играчот од средниот ред на Челзи и Италија, Жоржињо, додека напаѓачот на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси беше трет . Во гласањето учествуваа поранешни фудбалери, меѓу кои Павел Недвед, Андриј Шевченко, Лотар Матеус, Христо Стоичков, Самуел Ето, Алесандро Костакурта, Руи Коста и други.

    Исто така „Тутоспорт“ ги одреди победниците во другите номинации. За најдобар менаџер на годината е прогласена директорката на Челзи Марина Грановскаја, најдобар претседател на клубот Оливие Летанг од Лил, најдобар агент Италијанецот Федерико Пасторело, а наградата за голема кариера ја доби Карл-Хајнц Румениге .

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.