Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн сака да го купи Педри од Барселона
    Фудбал

    Баерн сака да го купи Педри од Барселона

    risteBy riste22/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Играчот од средниот ред на Барселона, Педри може да продолжи кариера во германската Бундес лига. Баерн Минхен е заинтересиран за услугите на 18-годишниот фудбалер, пренесува „АС“.

    Според изворот, германскиот клуб се очекува четирикратно да ја зголеми платата на Шпанецот во однос на онаа што ја добива во Барселона. За потписот на Педри, Баерн Минхен е подготвен да го собори својот трансфер рекорд. Да потсетиме дека во моментов тоа е 80 милиони евра.Толку му беше платено на Атлетико Мадрид во 2019 година за трансферот на дефанзивецот Лука Ернандез. Договорот меѓу Барселона и Баерн Минхен би можел да се реализира или во текот на зимскиот преоден рок или во текот на летото.

    Договорот на Педри со каталонскиот клуб е до јуни 2026 година. Според порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 80 милиони евра. Во актуелната сезона од Ла Лига, играчот од средниот ред настапи на два натпревари и не постигна ниту еден гол.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.