ФИФА ја објави листата од 11 играчи кои остануваат во трката за признанието за најдобар светски фудбалер во 2021 година.
Така наречената награда – „The Best“ ќе биде доделена во почетокот на 2022 година. Листата за која ќе се гласа ја предводат Лионел Меси и Кристијано Роналдо а на истата се и Карим Бензема, Килијан Мбапе, Нејмар, Роберт Левандовски, Кевин де Брујне, Ерлинг Халанд, Жоржињо, Н”Голо Канте и Мохамед Салах.
Гласањето ќе биде до 10. декември. Во конкуренција за најдобар голман останаа: Алисон Бекер, Мануел Нојер, Каспер Шмајхел, Џанлуиџи Донарума и Едуард Менди.

