Играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто, ќе го прескокне денешниот меч со Бенфика во Лигата на шампионите.
Тој не учествуваше на последниот тренинг на Каталонците и нема да му биде на располагање на тренерот, Чави Ернандез. Фудбалерот и понатаму чувствува непријатност во квадрицепсите на десната нога и тоа е причината поради која отпадна од тимот.
Искусниот фудбалер неодамна се опорави од повредата што ја доби на натпреварот со Рајо Ваљекано на 27 октомври.

