Вечева ќе се одигра вториот дел од натпреварите од 5.коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Нови 8 пресметки не очекуваат во групите „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“. Ќе гледаме неколку решавачки пресметки затоа што одредени екипи денеска имаат шанса да обезбедат пласман во 1/8 финалето, додека други на да се простат од настапите во ова натпреварување или да се надеваат на пласман во Лига Европа.
Во групата А ќе се одигра клучната пресметка меѓу лидерот Манчестер Сити и ПСЖ. Победникот од овој меч е сигурен 1/8 финалист. Нерешен резултат може да ги однесе двете екипи во елиминациската фаза, доколку Бриж не победи на другиот натпревар во групата против РБ Лајпциг.
Во групата Б веќе го знаеме победникот, а тоа е Ливерпул. „Црвените„ сигурно ќе завршат на првото место и ќе играат во елиминациите. Сепак, битката за втората позиција ќе биде жестока. Предноста е на страната на Порто, кој денеска може да стане четвртфиналист доколку победи на „Енфилд“, а доколку во другиот меч Атлетико Мадрид загуби од Милан. На Атлетико Мадрид и на Милан им претстои подеднакво важен натпревар. Двата тима мора да бараат победа, но и да се потпрат на помошта од Ливерпул за да ги задржат надежите за продолжување во следната фаза.
Во групата Ц имаме тим кој може да си обезбеди пласма во осминафинале, а тоа е Ајакс. На Холанѓаните им треба само бод против Бешикташ за да ја заверат првата позиција на табелата. Спортинг (Лисабон) и Борусија (Дортмунд) се во директна пресметка за второто место. Германците сигурно одат понатаму доколку победат во Португалија. Шанса да обезбедат пласман во следната фаза денеска имаат и фудбалерите на Спортинг Лисабон, но мора да победат со два или повеќе гола разлика.
Во групата „Д“ е најкомплицирана. Три екипи имаат прилично подеднакви шанси во битката за првите две места. Решавачкиот дуел ќе биде во Молдавија, каде Шериф се среќава со Реал Мадрид. Тимот од Тираспол веќе ги изненади Шпанците во првата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“. Сега ќе се обидат да приредат ново изненадување, а доколку победат, а Интер загуби од Шахтјор дури ќе се пласираат во 1/8 финалето. Сепак, Реал Мадрид ќе сака да се реваншира, особено што со победа вечерва си обезбедува пласман во осминафинале. И Интер има шанса за следната фаза, а то аќе се случи доколку победат против, а Шериф не победи против Реал.

