Вршителот на должноста тренер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик ја коментираше победата од 2:0 во натпреварот од 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Виљареал. Минатата недела тој го замени Оле Гунар Солскјер како тренер на „црвените ѓаволи“.
„Оваа победа значи многу. Играта беше многу тешка. Виљареал е одличен тим. Тие едноставно те тераат да работиш многу на теренот и да бидеш внимателен цел натпревар. Тие играат многу добро со топката и те принудуваат да играш посигурно во дефанзива. На моменти покажувавме добар фудбал, на моменти моравме да се повлечеме. Мислам дека игравме подобро како што одминуваше натпреварот. По паузата имаше период кога не можевме да ја држиме топката, но важна улога одиграа замените. Не промашивме, Давид де Хеа мораше да направи неколку одбрани кога му требаше. Ова е прекрасна вечер за нашите играчи, за клубот. Одлично е што успеавме да одиме понатаму. Оваа победа е за Оле“, изјави Керик, во изјава за официјалниот сајт на клубот.

