Напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема и официјално ја доби пресудата и е прогласен за виновен во аферата со Метју Валбуена. Судот во Франција донесе пресуда во која голгетерот на Реал Мадрид е виновен, за што тој доби и една година затворска казна, како и парична санкција.
Карим Бензема сепак нема да оди во затвор, тој ќе отслужи условна казна на слобода, но нема да смее да прекрши било каков закон во тие 365 дена. Покрај тоа, тој ќе плати парична казна од 75.000 евра. Исто така не е позната санкцијата која ја добиваат неговите соучесници. Бензема ги прекрши законите кога го уценуваше Валбуена пред неколку години бидејќи имаше во посед негова компромитирачка сексуална снимка со некоја девојка. Напаѓачот се обидел да изнуди паричен надоместок од сонародникот, но тоа беше пријавено и сега ја доби заслужената казна.
Во еден период Бензема беше исфрлен од националниот тим на „триколорите“, но одличните настапи во последните две години го натераа селекторот Дидие Дешамп да го врати во репрезентацијата.

