Новиот капитен на нашата кошаркарска репрезентација, Бојан Крстевски, пред натпреварот со Шпанија во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, вели дека подготовките се кратки и дека имаме изменета екипа.
„Не сме комплетни, тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на тоа што го имаме и на сегашноста. Треба да излезме на терен борбени и максимално ангажирани и да ги исполниме задачите на селекторот“- вели Крстевски.
Мечот меѓу Македонија и Шпанија на стартот на мундијалските квалификации ќе биде одигран в петок од 19:30 часот во СЦ Јане Сандански.