Нашиот млад кошаркарски репрезентативец,Теодор Симиќ, треба да добие шанса на мечот со Шпанија да ги потврди неговите квалитети. Играчот кој настапува за Барселона одлично ги познава противниците кои доаѓаат како големи фаворити во Скопје.
„Ќе биде тешко, ќе се обидеме да одиграме максимално мотивирано и да го дадеме најдоброто. Се надевам на добар меч“ – вели нашиот центар.
„Ќе се обидеме да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е Шпанија“ – вели Теодор Симиќ пред мечот со „црвената фурија“ кој ќе биде одигран в петок од 19.30 во Скопје.