Францускиот напаѓач на Атлетико (Мадрид), Антоан Гризман, признава дека Милан бил подобриот тим на теренот и дека сосема заслужено победи со 1-0 во натпревар од петтото коло од групата „Д“ во Лигата на фудбалските шампиони.
„Милан беше подобар од нас во секој поглед. Работите не функционираа. Резултатот е лош. Останува уште еден натпревар и ќе се бориме до крај“ – вели Гризман.
В пресрет на последното коло на 7 декември кога Милан ќе игра со Ливерпул а Порто ќе го пречека Атлетико Мадрид, „црвените“ се сигурно први со 15 бодови, Порто има 5 а Милан и Атлетико Мадрид по 4 бодови.