Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриљар му посака брзо закрепнување на голгетерот на Наполи, Виктор Осимен.
За време на натпреварот помеѓу двата тима, кој го доби Интер со 3:2, Шкрињар и Осимен се судрија со глави во воздушен дуел. Дефанзивецот имаше среќа и без повреди помина по овој судар, но тешко настрада напаѓачот на Наполи. Така, Нигериецот беше опериран поради неколку скршеници на каски од лицето и ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку три месеци. Тоа значи дека тој периодов не само што нема да може да и помогне на својот тим во борбата за Скудетото, туку ќе го пропушти и Африканскиот куп на нации во јануари.
Il messaggio di #Skriniar a #Osimhen 'Forza campione, spero di vederti presto in campo' #Inter #Napoli pic.twitter.com/tlYtvbywQD
— calciomercato.com (@cmdotcom) November 24, 2021
„Здраво, Виктор! Ви посакувам успех и се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно на теренот! Само напред шампионе!“, рече Шкрињар во пораката објавена на профилот на Интер на Инстаграм.

