Македонската фудбалска репрезентација попладнево во 17 часот во Цирих ќе го дознае противникот во првиот од двата клучни бараж дуели на патот до Мундијалот во Катар. Македонија на оваа ждрепка ќе биде во групата на неносители, при што во групата од 6 селекции како можни наши ривали имаме неколку фудбалски гиганти како Португалија и Италија.
Италија, Португалија, Шведска, Русија, Шкотска и Велс се потенцијалните ривали на Македонија во мундијалските баражи со три „фајнлфор“ турнири преку кои ќе се добијат трите последни европски патници на најголемиот светски собир.
Носителите ќе бидат домаќини на полуфиналињата, а со ждрепка ќе се решава кој од двата победнички тима во секоја од групите ќе биде домаќин на финалето.