Фудбалерот на ПСЖ, Ди Марија, вели дека Килијан Мбапе треба сам да одлучи дали ќе го напушти клубот иако неговите соиграчи сакаат тој да остане на „Паркот на принцовите“.
„Тоа е лична одлука. Килијан знае како сака да му се развива кариера. Подарок за мене е можноста да играм со него. Сите знаеме дека секоја добра топка што ќе му ја дадеме тој ќе ја искористи предноста и ќе даде гол“ – изјави Аргентинецот.
Весникот „Марка“ објави дека Килијан Мбапе донел одлука во наредното лето како слободен играч да премине во Реал Мадрид .