Серхио Рамос кој во текот на викендот дебитираше за ПСЖ, вели дека неговиот соиграч, Лионел Меси, треба да ја освои наградата – „Златна топка“.
„Тој е уникатен фудбалер. Сите во составот имаме квалитет да го направиме Пари Сен Жермен да биде уште посилен“ – вели дефанзивецот на „светците“ кој одговори и на прашањето дали сака Лео да ја освои „Златната топка“.
„Да, секако дека ќе ги бранам момците во мојот тим. Му ја пожелувам сета среќа на светот“ – истакна Рамос.

