Палмеирас кој во текот на викендот го освои трофејот во Копа Либертадорес, практично го пополни и последното место на Светското првенство за клубови кое ќе се одржи догодина во јануари во ОАЕ.
Тоа значи дека Бразилците им се придружија на: Челзи (Англија), Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Ал-Али (Египет), Монтереј (Мексико), Оукленд Сити (Нов Зеланд) и Ал-Џезира (Катар). Паровите ќе бидат формирани денеска во попладневните часови во Цирих.
„Сините“ и Палмеирас ќе ја прескокнат првата рунда и ќе стартуваат од полуфиналната фаза. Последен освојувач на престижниот пехар е германскиот состав Баерн Минхен.

