Легендарниот фудбалер, Рој Кин, се осврна на ситуацијата во Манчестер Јунајтед и најавата дека Ралф Рангник кој ќе го преземе кормилото на „црвените ѓаволи“ ќе донесе нови луѓе во стручниот дел.
„ Кој и да дојде се надевам ќе ги донесе вистинските одлуки. Време е да се ослободиме од луѓето што работат во клубот бидејќи имаат пријателства со некого“ – вели Кин.
„Тука останаа лица што работеа претходно со Мурињо и со Солскјер. Мора да има промени, не станува збор за лојалност туку за квалитетен кадар“ – потенцираше Рој Кин.