Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Познати се можните противници на Челзи на ФИФА-Светското клупско првенство
    Фудбал

    Познати се можните противници на Челзи на ФИФА-Светското клупско првенство

    risteBy riste29/11/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европскиот шампион Челзи ќе се сретне со некој од Ал Хилал, Ал Џезира и Окленд Сити. Традиционално, претставникот на Стариот континент е вклучен во полуфиналната фаза на турнирот на кој учествуваат вкупно седум екипи. Претходно денеска ФИФА објави дека натпреварите ќе се одржат од 3 до 12 февруари 2022 година во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

    Првично, турнирот требаше да се одржи во Јапонија во декември, но властите во земјата одлучија да се откажат од организацијата поради пандемијата.

    Ова е второ учество на Челзи на светското клупско првенство. Првиот беше во 2012 година, кога „сините“ го совладаа Монтереј во полуфиналето, но загубија од Коринтијанс во финалето.

    Победникот на Копа Либертадорес Палмеирас, во другото полуфинале ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Ал Али и Монтереј.

    Еве го целосниот костур на натпреварувањето:
    Прво коло (натпревар 1): Ал Џезира – Окленд Сити
    Второ коло (натпревар 2): Ал Али – Монтереј
    Второ коло (натпревар 3): Ал Хилал – Ал Џезира или Окленд Сити
    Полуфинале (натпревар 4): Палмеирас – Победник од меч 2
    Полуфинале (натпревар 5): Победникот од натпревар 3 – Челзи

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.