Лионел Меси ја одвои „Златната топка“ за оваа година, со која веќе има рекордни седум. Во анкетата организирана од „Франс Фудбал“, 34-годишниот Аргентинец ги остави зад себе Роберт Левандовски и Жоржињо, кои изненадувачки го надминаа Карим Бензема кој не влезе во Топ 3.
Летото, Меси ја освои Копа Америка со Аргентина, стана стрелец број 1 во шпанското првенство за сезоната 2020/21 со 30 гола, а потоа го облече дресот на ПСЖ.
Лео Меси ја освои претходната „Златна топка“ – во 2019 година, а останатите се од 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година.
Најблиску до него со пет вакви награди е Кристијано Роналдо, кој овојпат е шести.
Како што е познато, наградата не беше доделена минатата година, бидејќи организаторите сметаа дека не сите играчи се еднакви, бидејќи поради пандемијата некои првенства и турнири или беа прекинати порано или претрпеа промена во формата. Фаворит за освојување беше Роберт Левандовски.
Во изборот учествуваа 170 новинари – секој од различна земја. Секој од нив номинира по пет играчи од списокот со 30 имиња, рангирајќи ги на позициите од прво до петто. За првото место се даваат 6 бода, за второто – 4, за третото – 3, за четвртото – 2 и за петтото – 1.

