Тимо Вернер се повеќе се одалечува од Челзи. Настапите на Германецот од моментот кога го напушти Лајпциг за да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ се под очекувањата и во моментите тој е се подалеку од првиот тим, иако Тухел се обидува да му даде доволни шанси.
Последниот предизвик против Манчестер Јунајтед во првенството, за Вернер повторно беше разочарување, откако доби 3-4 шанси во текот на мечот, но не успеа да реализира ниту една.
Вернер во моментов е интересен за Барселона, која има намера да го земе на позајмица во јануарскиот преоден рок во кој Челзи можеби нема да размисли двапати за да се откачи од него. Останува прегоиворите да почнат деновиве.

