Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потенцира дека има големи проблеми кога станува збор за првотимците пред утрешното гостување кај Астон Вила.
„Кевин Де Бруин уште не тренира. Тој беше негативен на тестот за КОВИД-19. Џек Грилиш и Фил Фоден ќе бидат подложени на тестови пред да отпатуваат во Бирмингем. Кевин треба да влезе во форма за да може да ја покаже својата класа. Фил и Џек се во иста ситуација. Можеби ќе можат да играат утре, но не многу минути. Лекарот ќе каже“ – вели Гвардиола.
„Џон Стоунс е добро. Лапорт е надвор од комбинација. Сега ни претстои најтешкиот месец и мора да продолжиме понатаму. Ако не го сториме тоа, нема да се пласираме во елиминациите од Лигата на шампионите“ – вели Гвардиола.

