Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА.
„Согласно стратешкиот план на ФФМ, еден од носечките столбови, добро раководење го предвидува проектот за ревидирање на Стаутот и понатамошните активности во однос на реформи во регулативите на Фудбалската федерација на Македонија. Многу сме задоволни од овој работен состанок затоа што е дел од основниот столб, доброто раководење и од овој процес ќе произлезат голем дел на иницијативи и активности кои ќе се имплементираат согласно утврдената динамика“ – изјави Генералниот секретар Филип Поповски за сајтот на ФФМ.
„Искрено се надеваме дека заеднички ќе понудиме квалитетно решение кое значи усогласеност со Статутите на УЕФА и ФИФА и се разбира со националното законодавство. Впрочем, како што ФФМ и досега функционираше согласно праксата на добро раководење, почитување на законските регулативи и координираност со УЕФА и ФИФА- изјави Лука Никола – раководител на Национални асоцијации за управување, претставник на УЕФА

