Шпанскиот фудбалски состав Барселона, може да го купи Хаким Зијаш од екипата на Челзи, најавија медиумите на Пиринеите.
Интернационалецот од Мароко кој во јуни во 2020 година беше купен од Ајакс за околу 40 милиони евра, не успеа да се наметне на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ и затоа сака да си замине.
Наводно, Каталонците започнале преговори со неговиот агент. Се претпоставува дека Зијач ќе добие понуда да настапи половина сезона како позајмен играч а потоа шпанскиот состав да му го откупи договорот.

