Најдобриот каратист во Македонија, Емил Павлов беше гостин во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ во емисијата „60 минути на тема“ во која зборувавме за неговиот голем успех, освојување на сребрен медал на СП во Дубаи.
Емил Павлов е задоволен од она што го направи како разултат на ова СП.
„Отиодов на СП во Дубаи по големото разочарување кое го имав поради тоа што не бев дел од ОИ во Токио, работев напорно и се подготвив максимално за ова СП, одлучив д а ја променам категоријата и настапив во -67 кг, иако имав многу тешки борби сепак успеав да забележам 5 победи и да се пласирам во финалето. Задоволен сум од мојот настап, но нема да престанам да работам и да одам на уште поголеми успеси“ рече Павлов.
Да се биде врвен каратист значи многу работа и труд, а за тоа Павлов вели:
„Секојдневно тренирам по двапати на ден, понекогаш тоа се тренинзи за физичка подотовка, а понекогаш само карате. Сакам да се заблагодарама на моите тренери Сашко и Жарко Арсовски со кој работам секој ден и ми помагаат да бидам овде каде што сум. Не се откажувам, ќе работам уште многу и сакам да освојам злато на следното ЕП, но секако и да бидам златен и на Светското првенство“ додаде Павлов.
Емисијата во која разговараме со Емил Павлов ќе можете да ја слушате денес од 15.05 часот на Спортско радио 90,3 ФМ.