Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, е под знак прашалник за настап на дебито на Ралф Рангник како менаџер на „црвените ѓаволи“ во недела на дуелот со Кристал Палас.
Извори од Јунајтед тврдат дека тој најверојатно се повредил при прославата на голот од пенал против Арсенал во четвртокот.
„Секогаш треба да го приспособиш својот стил на играч како Кристијано, тој е неверојатен, врвен професионалец. Никогаш во неговите години не сум видел играч со таква физичка форма. Мораме да го развиеме целиот тим, не само него. Играме во најсилното првенство во светот и сите негови соиграчи ќе мора да го сторат истото како него“, вели Рангник.

