Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги негира шпекулациите дека „граѓаните“ преговараат со напаѓачот, Дани Олмо.
„Не, не сме во преговори со Олмо. Тој е фантастичен играч и сегашен член на Лајпциг“ – изјави шпанскиот стратег.
Олмо има договор со германскиот состав до летото во 2024 година. Тој во претходната година го напушти Динамо Загреб и 22 милиони евра се пресели во Бундес-лигата. Неговата трансферна сума на пазарот се движи околу 50-ет милиони евра.

