Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Гвардиола го сака Влаховиќ во нападот на Манчестер Сити
    Фудбал

    Гвардиола го сака Влаховиќ во нападот на Манчестер Сити

    risteBy riste07/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ продолжува да го привлекува вниманието на европските гиганти со одличниот настап од почетокот на сезоната. Манчестер Сити е уште еден клуб кој се најде на списокот на клубови заинтересирани за Влаховиќ.

    Договорот на Влаховиќ е до летото 2023 година, а тој одбива повторно да потпише. Затоа Фиорентина е подготвена да го продаде за да може да земе што повеќе пари за неговите права. Ова го најави претседателот на клубот Роко Комисо.Затоа се повеќе тимови будно ја следат ситуацијата околу напаѓачот и се надеваат дека ќе успеат да го земат во своите редови. Меѓу нив е и Манчестер Сити.

    Менаџерот Пеп Гвардиола е навистина импресиониран од Србинот и сака да го има во својот тим. Згора на тоа, клубот минатото лето остана без Серхио Агуеро, а се шпекулира и дека може да дојде до раскинување на соработката со Феран Торес, па ќе има итно засилување во нападот. Покрај „Граѓаните“ меѓу кандидатите за Влаховиќ се уште и Тотенхем, Јувентус и Арсенал. Од почетокот на сезоната, фудбалерот има 15 гола на 17 натпревари. Неговата пазарна цена моментално е околу 50 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.