Неколку играчи на Тотенхем и членови на тимот се позитивни на тестот за Ковид-19, објавија утрово медиумите од Островот. Тестовите се направени во текот на вчерашниот ден (понеделник), но се очекува до утре да бидат потврдени со ПЦР тестовите.
Ова е исклучително лоша вест за менаџерот на тимот Антонио Конте, бидејќи Тотенхем, како и останатите тимови на Островот, ќе имаат многу напорен распоред во текот на месец декември. Лондончани се надеваат дека доколку се потврдат позитивните примероци за одреден број играчи, ќе можат да ги одложат претстојните еден или два натпревари додека не се вратат барем некои од позитивните на вирусот. Фудбалерите на Тотенхем веќе двапати беа позитивни на КОВИД-19 од почетокот на сезоната, но и двапати се покажаа дека се неточни тестовите.
Тотенхем го очекува решавачка пресметка со Рен во конференциската лига, бидејќи францускиот тим води на табелата со 11 бодови, но лондончани имаат еднаков број на бодови (7) со третиот Витезе, кој се среќава со Мура.