Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги ги сподели очекувањата за натпреварот против Реал Мадрид во групната фаза од Лигата на шампионите кој ќе биде одигран доцна вечер од 21.00 часот на – „Сантијаго Бернабе“.
„Интер победил само еднаш во Мадрид. Во текот на мечот ќе имаме тешки моменти кога ќе треба да играме дефанзива, но, дојдовме тука да го покажеме нашиот карактер и сакаме да успееме“ – вели Инзаги.
„Двете екипи се пласираа во 1/8 финалето. Ние сакаме да прикажеме врвна игра. На претходната средба покажавме добар фудбал, сега треба да покажеме уште повеќе “ – изјави Инзаги за официјалниот сајт на УЕФА.

