Тренерот на Зенит, Сергеј Семак, зборуваше за претстојниот натпревар со Челзи од 6. коло од групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Натпреварот ќе се одигра в среда на 8 декември во Лондон.
„Челзи има многу индивидуално силни играчи. Тоа е систем кој работи како германски болид со мали прилагодувања во зависност од индивидуалните квалитети на играчите на теренот. Во исто време, сите знаат што се бара од нив“ – вели Семак.
„Нашата тактика зависи од тоа како ќе се одвива натпреварот. Мене повеќе ме интересира квалитетот на нашиот фудбал и како играчите ќе изгледаат пред толку силен ривал“ – изјави Семак, цитиран од официјалниот сајт на Зенит.

