Французинот, Себастијан Але, се израмни со најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо.
Тој се промовираше како вториот фудбалер кој успеал да даде гол во секој од шесте меча во групната фаза во ЛШ. Португалецот таков ефект имаше во сезоната 2017/18 кога настапуваше за Реал Мадрид.
„Копјаниците“ со вчерашната победа против Спортинг само го потврдија првото место во групата и пласманот во елиминациите.

