Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, со вчерашниот гол на теренот на Милан во Лигата на шампионите, успеа да се изедначи со легендарниот Јан Раш, кој беше вистинска ноќна мора за голманите во 80-те години.
Репрезентативецот на Египет и во петата сезона по ред успеа да постигне најмалку 20-ет гола во сите конкуренции.
Велшанецот имаше таков ефект гледано од 1982 до 1987 година. Раш играше за „црвените“ од 1980 до 1987 и од 1988 до 1996-та. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Ливерпул со 346 голови.

